en-USfr-FRmk-MK
Language
Македонскиот фронт Македонскиот фронт

Македонскиот фронт

Секојдневието на Македонскиот фронт Секојдневието на Македонскиот фронт

Секојдневието на Македонскиот фронт

Посетете го Македонскиот фронт Посетете го Македонскиот фронт

Посетете го Македонскиот фронт

Кратка Историја - Прва светска војна Кратка Историја - Прва светска војна

Кратка Историја - Прва светска војна

Битките кај Дојран

Жестоки борби се воделе и на другите делови од Македонскиот фронт, особено во делот на Дојранското езеро, помеѓу бугарските и англиските војски. Првите судири се случиле уште во октомври 1915 година, со влегувањето на Бугарија во војната. Тогаш, помали воени единици на бугарската армија се обидувале преку Валандово и Удово да се пробијат до реката Вардар и да ја пресечат железничката и патна врска помеѓу Солун и Скопје.

На почетокот на декември истата година, по повлекувањето на француските и британските војски кон Солун била воспоставен фронтот во пределот на Дојранското езеро, а градот Дојран се нашол во непосредна близина на борбените позиции на двете армии. Во наредните три години се до септември 1918 година во овој регион ќе се водат неколку значајни битки, кои довеле до голем број на човечки жртви, а градот Дојран бил речиси целосно разрушен.


Првата поголема битка се случила во август 1916 година. Сојузничкиот напад на Дојран бил дел од пошироките активности долж целата линија на фронтот. Карактеристично за начинот на војување применет во оваа војна, нападот започнал со силна артилериска подготовка по што уследил нападот на пешадијата. Сите напади биле одбиени од страна на добро утврдените бугарски војски. Следниот обид на сојузниците бил изведен во 1917 година. Борби имало уште во февруари, но посериозен напад на сојузниците бил изведен во април и мај и во октомври. Имено, кон крајот на април британските војски започнале офанзива со цел да ги пробијат бугарските линии. Борбите продолжиле и во мај, но сите напади биле одбиени од страна на бугарските војски.

Загубите за британските војски биле големи. Неуспешен бил и нападот во октомври месец, кој после три дена морал да биде прекинат поради силниот отпор на бугарските војски, кои ги одбивале сите напади на сојузниците. По прекинот на офанзивата линијата на фронтот во овој сектор се стабилизирала и не биле забележани значителни борби се до септември 1918 година, кога се одвивала и третата битка за Дојран. Во рамките на пошироката офанзива на целата линија од фронтот грчко-британските единици презеле напад и во овој сектор. Меѓутоа, ниту третиот обид во овој секрот од Македонскиот фронт не донел успех на сојузниците. Сите нивни напади биле одбиени. Сепак, како резултат на пробивот на фронтот кај Добро поле, бугарските единици биле принудени да се повлечат под опасноста да бидат отсечени и опколени.


Последиците од борбите по Дојран и околината биле катастрофални. Речиси целокупното население било принудено да се исели, а близината на границата воспоставена по војната довела до поголема изолација на градот и негово економско опаѓање. За борбите денес сведочат оштетувањата на црквата Св. Илија во Стар Дојран и остатоците од рововите и бункерите, како и меморијалните плочи за бугарските и англиските војски во околината на Калатепе, во самата близина на Дојран. Како сведоштва за жестоките борби се наоѓаат и англиските воени гробишта во Поликастро и грчките воени гробишта во Валандово.

 

 

 

За другите фотографии

Пишаната и визуелната содржина на платформата (современа и историска) достапна за јавноста служи за информативни, научни и образовни цели. Сета објавена содржина е во сопственост на самите автори.

За фотографиите Манаки

Фотографиите се во сопственост на Државен архив на Република Македонија, одделение Битола. Обработени од страна на Македонски центар за фотографија.

Авторските фотографии се во сопственост на Евопската асоцијација за локална демократија – АЛДА. Фотограф: Зоран Шеќеров

 

 

На оваа интернет страница, поради јазично олеснување, „Поранешната Југословенска Република Македонија“ се нарекува само „Република Македонија“ или „Македонија“. Тоа не означува никаков политички став на Република Франција и на регионот Нормандија кон Македонија. Од нејзиното осамостојување во 1991 година, во македонскиот устав е запишано името „Република Македонија“. Сепак, поради признавањето од страна на меѓународните организации и нејзините земји членки, државата се согласи да го користи името „Поранешна Југословенска Република Македонија“, а токму под тоа име, Франција ја призна Македонија како држава.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2019 by SoftAGE
Back To Top