en-USfr-FRmk-MK
Language
Посетете го Македонскиот фронт Посетете го Македонскиот фронт

Посетете го Македонскиот фронт

Кратка Историја - Прва светска војна Кратка Историја - Прва светска војна

Кратка Историја - Прва светска војна

Македонскиот фронт Македонскиот фронт

Македонскиот фронт

Секојдневието на Македонскиот фронт Секојдневието на Македонскиот фронт

Секојдневието на Македонскиот фронт

 

Воени гробишта

Француски воени гробишта во Битола

Француски воени гробишта во Битола

Координати: 41.040336, 21.360069

Француски воени гробишта во Битола се најголеми воени гробишта во Република Македонија во кои почиваат повеќе од 13.000 војници на Француската армија убиени на Македонскиот фронт. Во склоп на гробиштата се наоѓаат 6.262 индивидуални гробови и околу 7000 војници погребани во заедничка гробница.

Активностите за организирани француски воени гробишта во регионот околу Битола започнале уште со завршувањето на војната. Посебно макотрпен бил процесот на пронаоѓање и прибирање на останките на војниците кои биле закопани на голем број на локации во регионите Мариово, Пелагонија и Преспа. Војниците на кои им се знаело името, биле поставени во претходно уредениот простор и над секој гроб бил поставен метален крст со француска тробојка и со втиснати основни податоци за загинатиот. Кај војниците муслимани – мобилизирани од колонијалите земји на Франција, наместо крст е поставен исламски верски симбол. Француските воени гробишта во Битола се отворени на 15 септември 1923 г на пет годишнината од пробојот на Добро Поле.

Неодамна во склоп на француските воени гробишта се започнати работите околу спомен музејот на Првата светска војна, за кој се очекува да биде отворен наскоро.

 

Како до локацијата:

Француските воени гробишта се лоцирани на североисток од Битола на 3 км од центарот на градот, на патот кој води до селата Логоварди и Новаци. Во склоп на гробиштата на северната страна има резиденцијален објект во кој живее фамилијата која е задолжена за одржување на гробиштата.

Previous Article Германски воени гробишта во Битола
Next Article Српски воени гробишта во Битола
Print

 

За другите фотографии

Пишаната и визуелната содржина на платформата (современа и историска) достапна за јавноста служи за информативни, научни и образовни цели. Сета објавена содржина е во сопственост на самите автори.

За фотографиите Манаки

Фотографиите се во сопственост на Државен архив на Република Македонија, одделение Битола. Обработени од страна на Македонски центар за фотографија.

Авторските фотографии се во сопственост на Евопската асоцијација за локална демократија – АЛДА. Фотограф: Зоран Шеќеров

 

 

На оваа интернет страница, поради јазично олеснување, „Поранешната Југословенска Република Македонија“ се нарекува само „Република Македонија“ или „Македонија“. Тоа не означува никаков политички став на Република Франција и на регионот Нормандија кон Македонија. Од нејзиното осамостојување во 1991 година, во македонскиот устав е запишано името „Република Македонија“. Сепак, поради признавањето од страна на меѓународните организации и нејзините земји членки, државата се согласи да го користи името „Поранешна Југословенска Република Македонија“, а токму под тоа име, Франција ја призна Македонија како држава.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2020 by SoftAGE
Back To Top