en-USfr-FRmk-MK
Language
Посетете го Македонскиот фронт Посетете го Македонскиот фронт

Посетете го Македонскиот фронт

Кратка Историја - Прва светска војна Кратка Историја - Прва светска војна

Кратка Историја - Прва светска војна

Македонскиот фронт Македонскиот фронт

Македонскиот фронт

Секојдневието на Македонскиот фронт Секојдневието на Македонскиот фронт

Секојдневието на Македонскиот фронт

 

Воени гробишта

Српски воени гробишта во Битола

Српски воени гробишта во Битола

Координати: 41.013676,21.340747

Српските воени гробишта во Битола се наоѓаат во јужниот дел на Битола како продолжение на т.н. Буковски православни гробишта. Во нив се погребани српски војници кои загинале во Битката за Битола за време на Првата балканска војна и војници кои загинале во околината на Битола за време на Првата светска војна. Исто така во склоп на овие гробишта може да се видат и надгробни споменици од лица кои загинале по завршувањето на војната.

Во склоп на гробиштата има 1321 метални крстови со броеви кои го обележуваат гробното место. Сепак, важно е да се нагласи дека под крстовите нема закопани војници, туку сите тие се сместени во спомен костурницата под централниот споменик во облик на крст. Во минатото голем дел од останките на војниците исчезнувале (се претпоставува биле земани од студенти на медицина со цел на нивно проучување) па така денес тие се чуваат зад заштитен ѕид.

Градењето на спомен костурницата започнало во 1926 година, според проектот на архтектот Момир Коруновиќ.

Како до локацијата:

До Буковски гробишта води асфалтен пат, а низ нив до српските гробишта води тесен пат поплочен со бехатонски плочки во должина околу 200 метри. По овој пат може исто така да се вози со лесно возило, но не е можно разминување доколку наиде возило од спротивната страна.

Previous Article Француски воени гробишта во Битола
Next Article Српски гробишта село Скочивир, Општина Новаци
Print

 

За другите фотографии

Пишаната и визуелната содржина на платформата (современа и историска) достапна за јавноста служи за информативни, научни и образовни цели. Сета објавена содржина е во сопственост на самите автори.

За фотографиите Манаки

Фотографиите се во сопственост на Државен архив на Република Македонија, одделение Битола. Обработени од страна на Македонски центар за фотографија.

Авторските фотографии се во сопственост на Евопската асоцијација за локална демократија – АЛДА. Фотограф: Зоран Шеќеров

 

 

На оваа интернет страница, поради јазично олеснување, „Поранешната Југословенска Република Македонија“ се нарекува само „Република Македонија“ или „Македонија“. Тоа не означува никаков политички став на Република Франција и на регионот Нормандија кон Македонија. Од нејзиното осамостојување во 1991 година, во македонскиот устав е запишано името „Република Македонија“. Сепак, поради признавањето од страна на меѓународните организации и нејзините земји членки, државата се согласи да го користи името „Поранешна Југословенска Република Македонија“, а токму под тоа име, Франција ја призна Македонија како држава.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2020 by SoftAGE
Back To Top