en-USfr-FRmk-MK
Language
Посетете го Македонскиот фронт Посетете го Македонскиот фронт

Посетете го Македонскиот фронт

Кратка Историја - Прва светска војна Кратка Историја - Прва светска војна

Кратка Историја - Прва светска војна

Македонскиот фронт Македонскиот фронт

Македонскиот фронт

Секојдневието на Македонскиот фронт Секојдневието на Македонскиот фронт

Секојдневието на Македонскиот фронт

 

Села

Село Груниште (Мариово) – Општина Новаци

Село Груниште (Мариово) – Општина Новаци

Координати: 41.052745, 21.694911

Село Груниште е сместено на десната страна на Црна Река, на надморска висина од 742 м на 54 км од Битола. За време на Првата светска војна, во близина на село Груниште се одвивала познатата битка за Грунишки Вис.

Грунишки Вис бил запоседнат од бугарската војска како стратешко место. Бугарите изградиле од камен многубројни бункери, митралески гнезда, ископале ровови во должина од неколку километри. Од другата страна, нивни противници биле Србите. Во составот на српската војска дејствувал и Одредот на српските доброволци, кој броел околу 2.000 борци, предводени од познатиот четнички војвода Војин Поповиќ викан Вук Војвода кој загинал при тие борби (денес почива во „Новите гробишта“ во Белград).

Во рамките на селските гробишта во село Груниште, околу црквата Св. Димитриј има над 50 гробови од српската војска. Исто така и низ селото има десетина српски гробови со надгробни споменици.

Во средишниот дел на гробиштата погребан е висок бугарски старешина, генералот Климент Џеров. Загинал на 03.12.1916 година, во престрелка со српските доброволци. Посмртно бил унапреден во чин генерал.

Како до локацијата:

Село Груниште е оддалечено 54 км од Битола и 13 км од овај пат е земјен кој не е погоден за лесни возила. Се препорачува изнајмување на џип такси.

Previous Article Село Зовиќ (Мариово) – Општина Новаци
Next Article Село Старавина (Мариово) – Општина Новаци
Print

 

За другите фотографии

Пишаната и визуелната содржина на платформата (современа и историска) достапна за јавноста служи за информативни, научни и образовни цели. Сета објавена содржина е во сопственост на самите автори.

За фотографиите Манаки

Фотографиите се во сопственост на Државен архив на Република Македонија, одделение Битола. Обработени од страна на Македонски центар за фотографија.

Авторските фотографии се во сопственост на Евопската асоцијација за локална демократија – АЛДА. Фотограф: Зоран Шеќеров

 

 

На оваа интернет страница, поради јазично олеснување, „Поранешната Југословенска Република Македонија“ се нарекува само „Република Македонија“ или „Македонија“. Тоа не означува никаков политички став на Република Франција и на регионот Нормандија кон Македонија. Од нејзиното осамостојување во 1991 година, во македонскиот устав е запишано името „Република Македонија“. Сепак, поради признавањето од страна на меѓународните организации и нејзините земји членки, државата се согласи да го користи името „Поранешна Југословенска Република Македонија“, а токму под тоа име, Франција ја призна Македонија како држава.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2021 by SoftAGE
Back To Top