en-USfr-FRmk-MK
Language
Посетете го Македонскиот фронт Посетете го Македонскиот фронт

Посетете го Македонскиот фронт

Кратка Историја - Прва светска војна Кратка Историја - Прва светска војна

Кратка Историја - Прва светска војна

Македонскиот фронт Македонскиот фронт

Македонскиот фронт

Секојдневието на Македонскиот фронт Секојдневието на Македонскиот фронт

Секојдневието на Македонскиот фронт

 

Села

Село Старавина (Мариово) – Општина Новаци

Село Старавина (Мариово) – Општина Новаци

Координати:  41.089608, 21.734152

Старавина е село во Општина Новаци оддалечено 50 км од Битола. За време на Првата светска војна линијата на фронтот минувала низ ова село и денес се видливи многу сведоштва од тој период. На влезот од селото птва е видлива т.н „Горна Црква“ која била изградена како еден вид на костурница во која би биле собрани посмртните останки на српските војници чии што гробови ги има на неколку места во околината. Сепак, поради противењето на локалното население, овој објект никогаш не бил завршен и денес стои напуштен на влезот од селото.

Веднаш пред „Горна Црква“ и одејќи по асфалтниот пат кон центарот на селото, јасно се видливи неколку бункери од овој период, а низ селото како и низ другите села од регионот Мариово, особено интересни се предметите остатоци од војната, на кои што локалното население им нашло примена во домаќинството.

Како до локацијата:

Село Старавина е оддалечено 50 км од Битола од кои 9 км се земјен пат по кој локалното население вози и со лесни коли но сепак не се препорачува за ниски возила. До селото нема организиран јавен превоз, но постои можност за изнајмување на такси возило од Битола или пак џип такси за целодневна екскурзија.

Previous Article Село Груниште (Мариово) – Општина Новаци
Next Article Село Градешница (Мариово) – Општина Новаци
Print

 

За другите фотографии

Пишаната и визуелната содржина на платформата (современа и историска) достапна за јавноста служи за информативни, научни и образовни цели. Сета објавена содржина е во сопственост на самите автори.

За фотографиите Манаки

Фотографиите се во сопственост на Државен архив на Република Македонија, одделение Битола. Обработени од страна на Македонски центар за фотографија.

Авторските фотографии се во сопственост на Евопската асоцијација за локална демократија – АЛДА. Фотограф: Зоран Шеќеров

 

 

На оваа интернет страница, поради јазично олеснување, „Поранешната Југословенска Република Македонија“ се нарекува само „Република Македонија“ или „Македонија“. Тоа не означува никаков политички став на Република Франција и на регионот Нормандија кон Македонија. Од нејзиното осамостојување во 1991 година, во македонскиот устав е запишано името „Република Македонија“. Сепак, поради признавањето од страна на меѓународните организации и нејзините земји членки, државата се согласи да го користи името „Поранешна Југословенска Република Македонија“, а токму под тоа име, Франција ја призна Македонија како држава.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2021 by SoftAGE
Back To Top