en-USfr-FRmk-MK
Language
Посетете го Македонскиот фронт Посетете го Македонскиот фронт

Посетете го Македонскиот фронт

Кратка Историја - Прва светска војна Кратка Историја - Прва светска војна

Кратка Историја - Прва светска војна

Македонскиот фронт Македонскиот фронт

Македонскиот фронт

Секојдневието на Македонскиот фронт Секојдневието на Македонскиот фронт

Секојдневието на Македонскиот фронт

 

Села

Село Градешница (Мариово) – Општина Новаци

Село Градешница (Мариово) – Општина Новаци

Координати:  41.083327, 21.762680

Градешница е ридско село и лежи на надморска височина 800 метри на 52 км од Битола. За време на Првата светска војна низ ова село минувала линијата на фронтот,  а воедно и самиот пробој се случил во атарот на ова село во месноста Добро Поле. Денес низ селото се видливи голем број на сведоштва од ова време.

На влезот од селото е црквата Св. Димитрија за која се претпоставува дека потекнува од XIV век а била изградена на темели на постара црква. Покрај другото, она што е интересно за оваа црква е фактот дека таа била и директно погодена со граната за време на Првата светска војна, која за среќа не експлодирала. Денес од внатрешноста на црквата јасно може да се види местото каде удрила гранатата.

Во центарот на селото има приватен Етно музеј во кој покрај предмети од секојдневниот живот, има и предмети од Првата светска војна.

Контакт информации – Етно Музеј село Градешница:

  • Катерина Мавровска
  • + 389 70 623 268
  • kmavrovska@yahoo.com

Исто така во голем број на домови низ селото може да се сретнат мали т.н музејски поставки од предмети кои се користеле во секојдневниот живот, а низ кои има и доста такви кои потекнуваат од ПСВ.

Како до локацијата:

Село Градешница е оддалечено 52 км од Битола од кои 9 км се земјен пат по кој локалното население вози и со лесни коли но сепак не се препорачува за ниски возила. До селото нема организиран јавен превоз, но постои можност за изнајмување на такси возило од Битола или пак џип такси за целодневна екскурзија.

 

Previous Article Село Старавина (Мариово) – Општина Новаци
Next Article Село Бач, Општина Новаци
Print

 

За другите фотографии

Пишаната и визуелната содржина на платформата (современа и историска) достапна за јавноста служи за информативни, научни и образовни цели. Сета објавена содржина е во сопственост на самите автори.

За фотографиите Манаки

Фотографиите се во сопственост на Државен архив на Република Македонија, одделение Битола. Обработени од страна на Македонски центар за фотографија.

Авторските фотографии се во сопственост на Евопската асоцијација за локална демократија – АЛДА. Фотограф: Зоран Шеќеров

 

 

На оваа интернет страница, поради јазично олеснување, „Поранешната Југословенска Република Македонија“ се нарекува само „Република Македонија“ или „Македонија“. Тоа не означува никаков политички став на Република Франција и на регионот Нормандија кон Македонија. Од нејзиното осамостојување во 1991 година, во македонскиот устав е запишано името „Република Македонија“. Сепак, поради признавањето од страна на меѓународните организации и нејзините земји членки, државата се согласи да го користи името „Поранешна Југословенска Република Македонија“, а токму под тоа име, Франција ја призна Македонија како држава.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2021 by SoftAGE
Back To Top