en-USfr-FRmk-MK
Language
Секојдневието на Македонскиот фронт Секојдневието на Македонскиот фронт

Секојдневието на Македонскиот фронт

Посетете го Македонскиот фронт Посетете го Македонскиот фронт

Посетете го Македонскиот фронт

Кратка Историја - Прва светска војна Кратка Историја - Прва светска војна

Кратка Историја - Прва светска војна

Македонскиот фронт Македонскиот фронт

Македонскиот фронт

 

Цивилното население во Македонија за време на Првата светска војна

 

За населението во Македонија (Македонци, Турци, Грци, Власи, Роми, Бугари, Албанци, и други), Првата светска војна била всушност продолжување на претходните војни и разурнувања. Тие веќе со години се соочувале со опасностите при конфликтите на разните вооружени чети, а потоа и првата и втората балканска војна. Присуството на воени единици и насилството не им биле непознати. Сепак, во време на Првата светска војна со оглед на повеќекратното зголемување на стационираните војски, на логистичките потреби и на воените дејствија, биле зголемени и ефектите врз локалното население.

Една од првите мерки со кои се соочувале локалните селани во Македонија била реквизицијата на нивната храна, опрема и добиток. Секако, воените команди од обете страни на фронтот имале централен систем за одгледување и прераспределба на храна, но таа не можела да ги задоволи сите потреби. Затоа, војниците честопати купувале храна од локалното население (обично доста скапо), но не бил мал и бројот на случаи кога реквирирале или едноставно краделе храна. Во таквите вонредни услови, селаните останувале без доволно средства за исхрана на своите семејства. Оттаму и појавата на глад во некои села во зоната на фронтот. Освен тоа, честопати селаните биле принудени да отстапат дел од своите куќи за странските војници и (особено) офицери. Членовите на семејството морале да се грижат и за неканетите гости: подготвување храна, чистење, практична работа. Но, не секогаш односите биле негативни. Во некои дневници и спомени на офицери среќаваме описи на интересни нови познанства. Сликата била сосема поразлична во текот на воените дејствија. Локалното население се наоѓало во виорот на војната, честопати заглавено меѓу двете завојувани страни. Бомбардирањата на градовите во регионот оставиле големи разурнувања и човечки жртви. По долготрајното бомбардирање на Битола, градот станал еден од симболите на уништувањата на Првата светска војна. Во Дојран, бомбардирањето на градот предизвикало и голем пожар, кој дополнително се ширел и поради ветрот и запалливиот градежен материјал со што направил голема штета. Се среќаваат и случаи на колатернална штета, како на пример селото Мрзенци кое делумно настрадало од бомбите кои го гаѓале балонот на противникот. Селаните дополнително страдале и од злоделата на разни паравоени групи. Во желбата за добивање поточни разузнавачки информации од другата страна, и двете воени команди одвреме навреме испраќале паравоени групи со локално потекло. Меѓутоа, се покажало дека таквите групи многу повеќе се заинтересирани за грабежи и убиства на цивилното население, отколку за воени дејствија. Поради таквите тешки услови за живот, забележани се случаи кога селаните едноставно бегале со своите семејства, напуштајќи ги имотите. Сепак, сликата за цивилното население не е секогаш толку црно бела. Постојат бројни случаи кога селаните превземале иницијативи и станувале активен, иако привремен, дел од војната. Учествувале во саботажи, во извидување во корист на една или друга војска, понекогаш и краделе од воените единици, или пак заработувале од продажба на продукти по многу повисоки цени. Секако, секој поединец се справувал со текот на тие комплицирани настани како што знаел и умеел. На крајот, сепак останува заклучокот дека периодот на Првата светска војна бил еден од најтешките за животот на локалното население во Македонија.

Повеќе

 

Заразните болести во Македонија

 

Низ историјата, од антиката до современото доба, многу често може да забележиме поврзаност на војната и епидемиите. Комбинацијата од глад, лоши хигиенски и животни услови, тешки терени, смрт и разурнувања, е навистина погубна како за војските така и за цивилното население. Во зоната на Македонскиот фронт можеле да се забележат повеќе фактори кои влијаеле за појавата и ширењето на заразните болести. Најчести болести биле маларијата, тифусот, дизентеријата и грипот.

Пред се, вреди да се истакне дека јужниот дел на Македонија, каде во 1916 година се стационирале сојузничките сили, изобилувал со мочуришта, кои се важен фактор за ширење на маларијата. Воениот камп Зејтинлик всушност бил изграден во мочуришен предел. Во жешките летни месеци се зголемувле испарувањата и бројот на комарците, и ситуацијата често станувала неподнослива. Командата на кампот воведувала строги мерки за заштита од тие неповолности, затоа што ширењето на маларијата можело да ја намали воената способност на контингентот. Илјадници војници завршувале во болниците, со маларична треска. Сојузничките војници морале редовно да ги проветруваат своите простории, да ги менуваат постелнините, да одржуваат лична хигиена, да ја зовриваат водата. Некои од нив пиеле кинин и лимонска киселина, со цел да се заштитат од болестите. Всушност, епидемиите биле сметани за подеднакво страшен непријател. Солун, како голем град, исто така бил место каде можеле да се рашират заразни болести. За тоа, настрана од густината на населението, во голема мера придонесувале недостатокот на хигиена кај жителите на градот и слабата градска организација. Луѓето најчесто ѓубрето, вклучително и изметот и починатите животни, ги фрлале на несоодветни локации. Во извештаите на странските офицери се среќаваат податоци за мртви животни по улиците на градот, кои скапуваат во големите застојани вирови по улиците, затоа што службите за јавна хигиена и инфраструктурата за отстранување на атмосферските води воопшто не функционирале како што треба. Во некои случаи и водата за пиење била загадена, како во чешмите во Солун, така и во бунарите по селата. На фронтовата линија исто така постоела опасност од заразни болести. Во услови кога се зголемувал бројот на загинати војници (при што некои не биле соодветно погребани), кога имунитетот на војниците бил значително опаднат, кога било тешко или невозможно да се оддржува личната хигиена, или пак да се проверува квалитетот на храната, навистина била зголемена можноста од појава на болести. Индикативно е и тоа што, на обете страни од фронтот, во преписката на војниците со нивните семејства, големо внимание било посветено токму на заштитата од болестите. Настрана од мерките превземани од воените штабови, во некои случаи војниците добивале превентивни лекови и од своите најблиски.

Повеќе

 

 

 

За другите фотографии

Пишаната и визуелната содржина на платформата (современа и историска) достапна за јавноста служи за информативни, научни и образовни цели. Сета објавена содржина е во сопственост на самите автори.

За фотографиите Манаки

Фотографиите се во сопственост на Државен архив на Република Македонија, одделение Битола. Обработени од страна на Македонски центар за фотографија.

Авторските фотографии се во сопственост на Евопската асоцијација за локална демократија – АЛДА. Фотограф: Зоран Шеќеров

 

 

На оваа интернет страница, поради јазично олеснување, „Поранешната Југословенска Република Македонија“ се нарекува само „Република Македонија“ или „Македонија“. Тоа не означува никаков политички став на Република Франција и на регионот Нормандија кон Македонија. Од нејзиното осамостојување во 1991 година, во македонскиот устав е запишано името „Република Македонија“. Сепак, поради признавањето од страна на меѓународните организации и нејзините земји членки, државата се согласи да го користи името „Поранешна Југословенска Република Македонија“, а токму под тоа име, Франција ја призна Македонија како држава.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2019 by SoftAGE
Back To Top