en-USfr-FRmk-MK
Language
Македонскиот фронт Македонскиот фронт

Македонскиот фронт

Секојдневието на Македонскиот фронт Секојдневието на Македонскиот фронт

Секојдневието на Македонскиот фронт

Посетете го Македонскиот фронт Посетете го Македонскиот фронт

Посетете го Македонскиот фронт

Кратка Историја - Прва светска војна Кратка Историја - Прва светска војна

Кратка Историја - Прва светска војна

Битките на свиокот (завојот) на Црна Река

Завојот на Црна река е предел кој се протега западно од Пелагонија на подрачјето на Мариово, помеѓу реката Црна и селата Брод, Рапеш, Груништа, Старавина и Градешница. За историјата на Првата светска војна овој предел претставува место каде од месец октомври 1916 година, до крајот на војната во септември 1918 година се воделе жестоки борби. Во овие борби, во најголем дел учествувале француските и српските од една и бугарските војски од друга страна. Повремено во нив учествувале и италијански, руски и германски воени едници.

Првите борби се случуваат во време на сојузничката противофанзива во октомври 1916 година. Првите српски војски успеваат да ја преминат Црна река источно од селото Добровени ноќта на 4 и 5 октомври, а после два дена да ја преминат реката и кај селото Скочивир. Во наредните денови, сите српски обиди долж линијата на фронтот, близу селата Брод, Добровени и Скочивир се одбиени. Нови успеси српските војски постигнуваат дури после десет дена кога успеале да ги потиснат бугарските војски неколку километри на север. Истовремено, бугарските војски потпомогнати од германските сојузници безуспешно се обидуваат да го отфрлат противникот преку Црна. Значителен успех за Антантата во овој сектор од фронтот е забележан дури во ноември после силни артилериски напади. После три дена непрекинат артилериски оган, бугарските војски се принудени да ги напуштат своите позиции, а линијата на фронтот постепено се поместува на север.

До 6 ноември загубите на бугарските војски се големи, а многумина бугарски војници се заробени. Напредувањето на српските војски доведува до губење на многу важните височини, котите 1212 и 1378, кои доминираат над теренот и се клучни во одбраната на Битола. Како резултат на борбите во свиокот на Црна река до 18 ноември српски војски успеале да ги потиснат бугарските војски, кои се утврдиле на линијата Кота 1050, селата Маково, Зовик, Градешница, со што најголемиот пределот на свиокот на Црна река се нашол под контрола на сојузниците. На 19 ноември француските војски влегуваат во Битола. Во наредните денови српските и француските војски успеаваат единствено да заземат дел од Котата 1050 на Селечка планина, која дава одличен преглед на голем дел од Пелагонија, по што линијата на фронтот се стабилизирала долж линијата село Караман, Кота 1050, селата Маково, Зовик, Градешница.


Борбите во овој дел од фронтот продолжиле и во наредната година во месец мај 1917 година. Овие борби биле дел од пролетната офанзива на сојузничките војски чија цел била да ангажира што повеќе војски на Централните сили, како дел од големата офанзива на Антантата на главните фронтови во Франција и Белгија. Првично предвидена за април, поради лошите временски услови генералот Сарај бил принуден да ја одложи офанзивата за мај. Сојузничкиот напад во пределот на завојот на Црна бил предвиден да го извршат француски, италијански и руски воени единици. Целта била да се пробијат противничките линии и да се продре до Прилеп со што би била загрозена позадината на бугарските и германските војски во околината на Битола. Нападот започнал на 5 мај со артилериска подоготовка, а пешадијата започнала да настапува три дена подоцна, на 8 мај. Германските и бугарските војници кои биле мошне добро утврдени успеале да ги одбијат првичните напади.

Сојузницитие повторно се обиделе со фронтален напад да ги пробијат линиите на 11 и 17 мај, но безуспешно. Во одредени сектори од фронтот борбите се одвивале во самите ровови, гради в гради. Дури по неуспехот на операциите во околината на Битола и Дојран, генералот Сарај одлучил во деновите помеѓу 21 и 23 мај да ја прекине офанзивата во пределот на Црна река и долж линијата на целиот фронт. Загубите биле значителни за двете страни. Сојузниците имале повеќе од 5 000 мртви и ранети војници, што претставувало околу 40% од вкупните загуби од почетокот на годината. Загубите кај германските и бугарските војски биле исто така големи. Само бугарските војски имале повеќе од 1 600 загинати и ранети војници. Неколку месеци подоцна во октомври централните сили на четири пати повторно се обиделе да продрат во завојот на Црна река, но безуспешно. Оттогаш, во наредните месеци и во текот на 1918 година, на овој сектор од фронтот не биле забележани поголеми борби, единствено биле забележани артилериските пресметки, кои станувале секојдневие на фронтовата линија.

 

 

 

За другите фотографии

Пишаната и визуелната содржина на платформата (современа и историска) достапна за јавноста служи за информативни, научни и образовни цели. Сета објавена содржина е во сопственост на самите автори.

За фотографиите Манаки

Фотографиите се во сопственост на Државен архив на Република Македонија, одделение Битола. Обработени од страна на Македонски центар за фотографија.

Авторските фотографии се во сопственост на Евопската асоцијација за локална демократија – АЛДА. Фотограф: Зоран Шеќеров

 

 

На оваа интернет страница, поради јазично олеснување, „Поранешната Југословенска Република Македонија“ се нарекува само „Република Македонија“ или „Македонија“. Тоа не означува никаков политички став на Република Франција и на регионот Нормандија кон Македонија. Од нејзиното осамостојување во 1991 година, во македонскиот устав е запишано името „Република Македонија“. Сепак, поради признавањето од страна на меѓународните организации и нејзините земји членки, државата се согласи да го користи името „Поранешна Југословенска Република Македонија“, а токму под тоа име, Франција ја призна Македонија како држава.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2023 by SoftAGE
Back To Top 123movies